На Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје нема се работат тестови за концентрација на антитела од SARS Cov-2 на товар на ФЗОМ
– Согласно дописот од Фондот за здравствено осигурвање, почнувајќи од 15.04.2021 на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје нема се работат тестови за концентрација на антитела од SARS Cov-2 на товар на ФЗОМ. Оваа услуга ќе биде достапна и натаму само на товарна пациентите (приватно) и ќе чини 736 денари, информираат од Институтот за Имунологија.