Студија: Луѓето би требале да работат само осум часа неделно
Пандемијата принудила многу работодавачи да го преиспитаат поимот работно мест, откако работниците биле принудени поради новонастаната ситуација да останат дома и од своите спални соби, кујни или дневната соба да направат импровизирана канцеларија.
Но што е со тоа колку навистина работиме?
Студија од 2019 година открила дека луѓето би требало да работат само осум часа неделно за да постигнат психолошка корист од работата. Заклучокот од студијата бил дека постои можност работната недела „радикално да се скрати“.
Резулатите од студијата се објавени во магазинот „Општествени науки и медицина“ под називот „Пократка работна недела за сите: Колку платена работа е потребна за менталното здравје и благосостојбата?“.
Студијата тврди дека осумчасовната работна недела е доволна за да се постигне „благосостојба од вработувањето“, бидејќи благосостојбата на вработените е „слична без оглед на должината на работната недела до 48 часа“.
Авторите објасниле дека порастот на користењето на вештачката интелегенција би можел да резултира со „значаен недостаток на ‘платена работа’. Меѓутоа, наместо ова да доведе до губење на работата, истражувачите велат дека е потенцијална опција да се воведе пократна работа недела.
Во студијата се користени податоци од британска лонгитудинална студија, во која учествувале повеќе од 80,000 луѓе.
Тимот согледал како промените на бројот на работни часови кај луѓето влијаеле врз нивното ментално здравје во текот на времето, прашувајќи се во кој момент тоа се подобрило.
„Оваа студија открила дека дури и мал број на работни часови (помеѓу еден и осум часа неделно) носи значајни бенефити за менталното здравје и благосостојбата за претходно невработените или економски неактивните поединци“, напишале истражувачите.
„Наодите укажуваат дека не постои единствен отпимален број на работни часови во кои благосостојбата и менталното здравје се најголеми. За поголемата група на работници имало мала разлика во благосостојбата помеѓу најниската (1-8 часа) до највисоката (44-48 часа) категорија на работно време. Овие откритија пружаат важни и навремени емпириски докази за идното планирање на работата, политиката за пократко работно време и имаат импликации на идните модели на органиација на работата во општествата“, заклучуваат авторите.
„Тоа е како земање на витамин Ц, на сите нас ни треба одредена доза, но земањето повеќе од што е потребно не носи никакви додатни здравствени придобивки, земањето на преголеми колични може да има штетено влијание“, вели Даига Камерафе, авторката на студијата и социолог од Универзитетот Салфорд во Англија.