Овие земји отсекогаш биле во првите десет во извештаите за индексот на светската среќа откако првпат истиот бил објавен во 2013 година.
Тоа не може да биде случајност и во нив дефинитивно постои нешто посебно по што се истакнуваат од сотатокот од светот.
Ова се некои од причините
Работно време
Скандинавците не сакаат да станат милионери. Тие знаат како да бидат вредни на работа и да уживаат во тоа, но и многу време поминуваат во природа и со пријателите и посветени се на своите хобија. Сето тоа е можно поради тоа што имаат вишок време кое им останува.
Имено, во Данска луѓето работат по 37 часа неделно, за разлика од другиот дел од земјите каде што најмалку неделно се работи по 40 часа неделно. Поголемиот дел од вработените си одат од работа во околу 16 часот, така што имаат време за сè.
Данците не губат време на разговор со колегите затоа што знаат дека така побрзо ќе ги завршат работните обврски. Кај нив е нормална комбинацијата на работа на вработените од дома и од канцеларија. Тие годишно имаат одмор од пет седмици, а доколку работата им го загрозува менталното здравје, можат да земат т.н. отсуство поради стрес.
Престој во природа
Престојот на отворено е полн погодок за нашето здравје, а Скандинавците знаат како да го искористат тоа максимално. Без оглед на студеното време, тие речиси секогаш се надвор, а дури имаат и поговорка за тоа - не постои лошо време, туку само лоша облека.
Поддршка на родителството
На Исланд младите мајки добиваат девет месеци породилно отсуство, а татковците три месеци. Во Шведска „новопечените“ родители добиваат по 480 денови платено отсуство, а тогаш добиваат 80 отсто од своите плати. Бремените жени може да работат една четвртина помалку од работното време се додека детето не наполни осум години.
Нема стрес поради пари
Сите ние најголемиот дел од парите со кој располагаме вообичаено го трошиме на основните работи - храна, лекови, школување. Тоа не е случај со нордиските земји. Таму здравството и образованието се бесплатни.
Си веруваат едни со други
Да му верувате на некој веројатно значи да бидете искрени едни кон други, за општо добро. Врската меѓу Скандинавците е моќна.
Извор : https://tocka.com.mk/