Светската здравствена организација (СЗО), ја продолжи глобалната здравствена вонредна ситуација поради пандемијата на ковид-19 за уште три месеци.
Информацијата ја соопшти Комитетот за итни случаи на СЗО.
Комитетот се согласил пандемијата на ковид-19 и натаму остане како вонредна ситуација за јавното здравје со меѓународна важност, наведено е во соопштението.
Генералниот директор на СЗО Тедрос Абхан Гебрејесус изјавил дека светот има начин глобалната пандемија да ја стави под контрола во следните месеци.
„Имаме начини оваа пандемија да ја ставиме под контрола за неколку месеци, ако ги примениме доследно и правилно“, рекол Гебрејесус.