Една 89-годишна баба која е огромен љубител на кучиња одлучила да сплете 450 ќебенца за кученцата сместени во нејзиното локално засолниште.
Оваа вест е објавена на Instagram од страна на Dogs Trust која што претставува добротворна организација која постои 127 години. Целта на оваа организација е да се најде дом за сите бездомни кутриња низ Велика Британија. Тие објавија дека 89-годишната Мејси Грин сплела ќебиња за кучињата сместени во Dogs Trust Basildon.
Таа со години плетела ќебиња и палтенца за кучињата и вели дека ужива во тоа. И требале три дена за да сплете едно ќебе, а еден ден за да сплете едно палтенце.
Оваа дарежлива баба донира ќебенца и палтенца три пати годишно. Таа е еден од многуте волонтери кои редовно помагаат во засолништето. Ова засолниште има мрежа од 20 центри кои се грижат за вкупно 16.000 кучиња годишно.
За да им биде поудобно на кучињата, оваа организација ги охрабрува локалните жители да донираат џемпери и ќебиња и да волонтираат засолништето бидејќи помошта од секого е повеќе од добредојдена.
https://www.facebook.com/DogsTrust/photos/a.55933256879/10156895962451880/?type=3
Извор: https://publicist.mk/