Лекот на Фајзер кој спречува коронавирус би можел да биде достапен до крајот на годината, ако се покаже како успешна студијата спроведена во САД и Белгија.
Во моментов, околу 60 лица се вклучени во првата фаза од испитувањето на Фајзер со лекот PF 07321332, што треба да заврши до 25 мај.
„Досега нема други лекови освен вакцините кои што можат да спречат инфекција со Ковид-19, но доколку се откријат, тоа би можело да ги запре карантините и затворањата засекогаш“, вели еден експерт, а пишува британски Дејли меил.
Фајзер, компанијата што произведе една од најпопуларните вакцини, започна со тестирање на својот експериментален лек врз луѓе.
Антивирусен лек, наречен PF-07321332, може да се дава на луѓе кои почнале да покажуваат симптоми на инфекција за да ги спречат да добијат потежок случај на болеста.
Иако повеќето луѓе ќе бидат вакцинирани, според медиумите, вакцините не се 100% ефикасни, а некои луѓе дури и не можат да ги примат, што значи дека коронавирусот ќе продолжи да се шири.
Пилулата може да помогне во спречување на тешки форми на болеста кај луѓе кај кои вакцините не функционираат добро, или тие можат да бидат втора линија на одбрана во случај на појава на нов вирус отпорен на имунитетот.
Во моментов, околу 60 лица се вклучени во првата фаза од испитувањето, а потоа, доколку се покаже дека лекот е безбеден, ќе се направи пошироко испитување.
Извор : https://denar.mk/