Како резултат на ковид пандемијата пак, од март лани до сега, Агенцијата евидентирала дека без работа само поради кризата останале нешто над 17.000 лица.
:Индустријата и трговијата најкритични за работниците. Агенцијата за вработување регистрира дека во овие сектори минатиот месец се поделиле најмногу откази.Јавува Сител
Во април на листата на невработени запишани се помалку од 1.000 лица, со што вкупната бројка невработени достигна 144.390 Од нив повеќе од половината се без образование или со основно, додека 26 отсто со завршено средно. Без работа останале нај работоспособните, односно лицата на возраст од 30 до 49 години. Како резултат на ковид пандемијата пак, од март лани до сега, Агенцијата евидентирала дека без работа само поради кризата останале нешто над 17.000 лица.
Бројките на невработени се помали затоа што минатиот месец Агенцијата избриша 48.000 невработени, бидејќи доцнеле со регистрацијата. Најголем дел од нив, 32.000 беа пасивни баратели, односно лицата за кои се претпоставува дека работеле на црно и воопшто не барале работа.
Во тек е и мерката од 6 пакет за користење финансиска помош за испата на плати, каде услов е газдите да го задржат истиот број работници.