Нордвинд ерлајнс го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје кои беа најавени како нова рута во летниот распоред на летови на авиокомпанијата.
Како што Нордвинд претходно најави, летовите требаше да почнат на 21-ви мај, но, поради епидемиолошката состојба, авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови, стои во нивното известување.
Како што информираат од Нордвинд, информации за отворањето на летовите Москва – Скопје ќе бидат дадени од страна на авиокомпанијата дополнително.
Бараш работа во твојот град? Погледни ги сите активни огласи по градови низ Македонија на ЛИНКОТ
Претходно, Нордвинд објави отворање на нова редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, еднаш неделно, почнувајќи од 21-ви мај, со што рутата беше и соодветно испланирана во летниот ред на летање на ТАВ Македонија за Меѓународниот Аеродром Скопје, со термин секој петок попладне, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.