Граѓаните кои го пропуштиле терминот за вакцинација против ковид-19 поради најразлични причини се интересираат дали може да презакажат и кога повторно ќе стасаат на ред за имунизација.
Во врска со тоа дали овие граѓани коишто не се вакцинирале во закажаниот термин по презакажувањето ќе бидат планирани како последни за вакцинација од Министерството за здравство одговараат:
-Граѓаните кои го испуштиле терминот за вакцинација, повторно треба да се пријават за вакцинирање на vakcinacija.mk или кај матичниот лекар. Тие влегуваат во групата, односно временскиот период кога извршиле пријавување, Доколку граѓанинот сам не се откажал од термин за вакцинација (опција што постои на vakcinacija.mk) поради здравствени причини, електронскиот систем автоматски ги повлекува регистрациите и на граѓаните им испраќа порака за закажан термин за вакцинација – појаснуваат надлежните.
Кој прележал ковид-19, по еден месец може да се вакцинира
– Комисијата за ковид-имунизација има донесено одлука пациенти со прележан ковид да може да се вакцинираат еден месец од денот на оздравување – додаваат надлежните.
Според најновите истражувања, IgG антитела на ковид-19 се детектираат и девет месеци по прележување на болеста.
НоваТВ