Поради поволната епидемиолошка состојба, одлуката за олеснување на мерките против коронавирус во Хрватска ќе стапи на сила в петок.
Хрватските медиуми пишуваат дека ќе бидат можни свадби до 120 лица. Услов ќе биде гостите да имаат негативен тест, да преболеле коронавирус во последните шест месеци или да се вакцинирани со две дози.
Ограничувањето за собирање луѓе е зголемено од 25 на 100 лица. Отворена е можноста за работа на рестораните во затворени простории и укинато е ограничувањето поврзано со погреби.
Собирите и свеченостите можат да работат до 23 часот, нема да има ограничување на бројот на луѓе на погреби, но забрането е да се изразува сочувство преку близок контакт.
Пекарниците ќе можат да работат до 23 часот, а работното време на угостителските објекти ќе биде од 6 до 23 часот. Објектите што имаат минимално решение за послужување храна е дозволено да се служат во затворено, а тоа се ресторани, барови, пабови …
Кафулињата можат да работат на отворено, а казината и клубовите со автомати можат да работат до 23 часот. Можно е да се одржуваат работилници за деца во затворено, а останува забраната за тренинг во училишните сали.