Поради поевтиниот ПЦР-тест во Македонија, многу српски туристи кои патуваат во Грција претпочитаат да бидат тестирани кај нас
Тестирањето во Србија чини 9000 динари по лице,што е 77 евра додека кај нас е од 2100 до 2600 односно околу 35 до 42 евра што е дупло поевтино. А ако се земе предвид дека цели семејства се тестираат тогаш тоа е навистина голем трошок за семејство во кое, на пример, никој не е вакциниран.
Затоа, деновиве социјалните мрежи се преплавени со реклами за сместување и поевтино тестирање во соседната земја, каде веќе е развиен сериозен медицински туризам.
Што се однесува пак до патарините:Владата ќе додели 200.000 електоронски картички, а на кои ќе има по 760 денари, вредноста на патарините по автопатот „Пријателство“.
Картичките ќе се делат на „Табановце“ и ќе може да се искористат во периодот од 15 јуни до 15 август.
Ослободувањето од патарините важи само ако се патува накај Грција но не и накај Охрид.