Калифорнија планира да потроши 116,5 милиони долари за лотарија односно парични награди за жителите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 пред 15 јуни. Станува збор за најновиот и најскапиот стимул на американските држави кои се очајни да ги убедат скептиците да вакцинираат.
Потегот на демократскиот гувернер Гавин Њусом е дел од обидот насочен кон поттикнување на вакцинацијата, така што државата ќе може целосно да ја отвори својата економија на 15 јуни.
Жителите на Калифорнија кои ќе бидат вакцинирани пред тој датум ќе влезат во своевидна лотарија, а меѓу нив, десет ќе освојат награда од 1,5 милиони долари, а 30 од нив ќе добијат по 50.000 американски долари. Исто така, првите два милиони вакцинирани заклучно со четврток ќе добијат картички со 50 долари.
И приватни организации ширум САД понудија подароци како еден од начините да ги убедат луѓето да се вакцинираат.
Подароците се движат од бесплатни билети за бејзбол и пиво до стипендии за колеџ и готовина.