Бруто заработката по час е различна во сите земји на Европската унија и зависи од занимањето.
Според податоците од 2018 година, менаџерите беа најплатени во ЕУ. Нивната бруто заработка по час е 28,6 евра. По нив, според Eurostat, следат професионални вработени со 21,4 евра на час и технички лица со 17,8 евра на час.
Од друга страна, пак, елементарните занимања според класификацијата на Eurostat (чистачи, физички работници, подготовка на храна, улични продавачи и слично), имаат најниска заработка по час од само 9,7 евра.
Веднаш по нив се продавачи на производи и услуги со заработка од 11,2 евра по час.