Во светот постојат многу натпреварувања кои, во најмала рака ни изгледаат бизарно, а Русите се убедливо "најнапредни" по тоа прашање.
Во Новосибирск, градот кој се смета за центар на Сибир, одржано е годишното натпреварување во копање на гробови.
Натпреварувачите, кои се во тимови од по двајца, имаат јасна задача - да ископаат дупка долга два метри, широка 80 центиметри и длабока 1,6 метри и во неа да стават ковчег.
Првото место го освоил тим од Омск, кој за помалку од половина час успеал да ги исполни сите зададени услови.
Пред ова бизарно натпреварување, секој од учесниците мора да потпише согласност дека по ископувањето на гробот, нема да бара да го заржи за себе или за членови на своето семејство.
Ова натпреварување се одржува за да се "откријат таленти", односно нови луѓе за работната позиција гробар, која во Русија е прилично добро платена.