Поставен е новиот рекорд на пазарот на комерцијални недвижнини во Хонгонг, кој се смета за најскапиот на светот, откако паркинг место за еден автомобил е продаденo за невидена цена од 10,2 милиони хонконшки долари, или 1,3 милиони американски долари, пишува во четвртокот весникот The Standard.
Станува збор за паркинг простор во нов луксузен станбен комплекс на ридот Пик Викторија. Тоа е најпрестижниот регион на островот, каде што претпочитаат да се населуваат милијардерите.
Името на купувачот на паркинг местото не е објавено. Сепак, весникот потсетува дека во тој комплекс во една зделка купила четири супер-луксузни апартмани Анжела Лијанг, поранешната четврта сопруга на лани починатиот магнат на игри на среќа од Макао, Стенли Хо. Наводно, на ова купување Лијанг потрошила 1,2 милијарди хонконшки долари, односно 167,5 милиони американски долари.
Во прилогот на The Standard, исто така, се додава дека во истиот комплекс, инвеститорот веќе продал неколку паркинг места засебно по цена од 1,2 милиони американски долари.
Астрономските цени на трговските, деловните и просторите за домување, вклучително и на паркиралиштата во Хонгконг, агентите за недвижности ги објаснуват со недостигот од слободно земјиште и ридската конфигурација на областа. Многу од градежните проекто во такви услови теба да се изведуваат на насипите „повратени од морето“, што повлекува огромни дополнителни трошоци.
извор: netpress.com.mk