Кога нема физичко растојание помеѓу домот и работното место, границата станува сè повеќе заматена и често се случува работниот ден да не заврши кога треба. Сè се сведува на друг мејл или завршување на некои обврски што сигурно може да почекаат до утре. Покрај тоа што станувате од работната маса, постојат и други процедури кои можат да ви го олеснат завршувањето на работниот ден.
Запишете ги плановите за следниот ден
Може да ви се случи вечерта да се грижите за тоа како ќе ги постигнете сите обврски што ве чекаат следниот ден и дека оваа вознемиреност ќе ве изеде. Еден начин да го победите ова е да бидете добро организирани, односно да запишете на парче хартија или на телефон што треба да завршите. Со оваа листа, ќе бидете поподготвени следниот ден и нема да ја поминете вечерта нервозно потсетувајќи се на сè што ве чека.
Направете вечера
Да, тоа е нешто што ве прави уште поизморени, но ќе ве ангажира во секоја смисла и ќе го окупира вашиот мозок. Исто така, мирисот на свежа храна за време на готвењето е нешто што секогаш радува и релаксира. Можете да планирате оброци за следниот ден и да заштедите време.
Прошетајте
По станувањето се препорачува вежбање, но вашето тело и ум ќе ви бидат благодарни ако одите барем на прошетка. Тоа е замена за таа физичка промена помеѓу работата и домот и секако е здрава навика. За време на прошетката, треба да размислите за тоа што сте постигнале и за што сте благодарни, за да добиете чувство за остварување и исполнување.
Пронајдете ново хоби
Препораката што веројатно сте ја слушнале повеќе пати во претходната година воопшто не треба да се игнорира. Новото хоби секако ќе ви донесе нова димензија по работата, без разлика дали станува збор за некаков вид цртање или сликање, плетење, правење оригами или сложувалка. Можете дополнително да го окупирате вашиот мозок со решавање енигматски задачи, особено со судоку или забавен квиз.
Сменете ја облеката
Сите веќе ја научивме лекцијата дека останувањето во пижами цел ден не е добар потег кога станува збор за одвојување на работата и слободното време. Можеби не носите костум, но неопходна е некаква промена. Истото важи и за вечерните часови, бидејќи со промена на облеката си сигнализирате себеси дека работата е завршена и дека сега е време за некои забавни активности и релаксација.
извор: www.kafepauza.mk