
Со задоволство Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) оваа година ќе ја организира својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology". Конференцијата ќе се одржи на 21-ви и 22-ри Октомври 2021 година (во онлајн формат).На која Vrabotuvanje.com традиционално ќе биде главен покровител и поддржувач.
Конференцијата повторно ќе биде домаќин на повеќе од 20 истакнати говорници, професори и практичари со напредни размислувања од странство, кои ќе ги споделат своите лични искуства во областа на управувањето и менаџментот со човечки ресурси и своето специјализирано знаење, иновативни идеи, практични и докажани решенија, како и препораки што менаџерите и професионалците можат да ги имплементираат во нивните организации.
Учесниците на Конференцијата, како и досега, ќе имаат можност да слушнат излагања од експерти во оваа област, да бидат во тек со HR трендовите, да добијат увид, да ги споделат своите идеи и да се вмрежат со колеги и извршни менаџери од својата професија. Воедно, во рамките на Конференцијата ќе бидат организирани и HR Expo 2021, како и „Глобален Панел“, на кој ќе учествуваат претставници на Меѓународни HR асоцијации од пет различни континенти. (To be confirmed)
Наскоро ќе објавиме дополнителни информации, вклучувајќи ја и листата на овогодинешните реномирани говорници.
Ве повикуваме да ги сочувате датумите 21 и 22 Октомври 2021 година во Вашите бележници и роковници за учество на 13. Меѓународна HR конференција...