Во вкупниот износ се вкалкулирани патните трошоци, трошоците за интернет како и сите административни трошоци, додека само паричната награда за преселувањето изнесува чисти 5.000 долари.
Понудата има за цел да ги мотивира граѓаните да се преселат заедно со семејството со цел да се подобри засега негативниот демографски тренд на оваа американска држава.
Условот е еден од членовите во семејството да работи од далечина, а другиот да се вработи во Вермонт.
Со само 623.000 жители, Вермон, заедно со Вајоминг, се едни од државите со најмал број на жители. Вермонт овој проект планира да го лансира како тест следната година.
Вермонт е подготвен да прифати само вработени со полно работно време во компании со седиште надвор од Вермонт, кои работат во станбен или деловен простор.
Властите се надеваат на позитивен резултат од пилот програмата.