Кој знак е на добро поле во љубовта, а кој пак со здравјето?
ОВЕН
Пред вас е период кој носи некои дилеми, пречки и нестабилности. Поволен период е пред вас кога е во прашање шанса да остварите некое ново познанство. Проверете ја крвната слика.
БИК
Можно е да имате некоја мала загуба па потрудете се на работното поле да не ризикувате премногу. Ако сакате со саканата личност да ги решите проблемите од порано, потрудете се да бидете искрени кон неа. Посетете лекар.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ви се пружа шанса позитивно да влијаете на своето работно опкружување и на сите да им ја подигнете мотивацијата. Можно е да сте влегле во фаза на монотонија со саканата личност. Респиратарни инфекции се можни.
РАК
Очекувајте успех кога е во прашање работата. Ви доаѓа фаза во која ќе имате поддршка од околината. Саканата личност ќе ви покаже отворено дека сака да остане со вас на долги стази во иднина. Водете сметка околу исхраната.
ЛАВ
Очекувајте добри околности кога е во прашање работата. Некоја грижа заминува од вас. Подготвени сте за нови потези кон личноста која ви се допаѓа. Сте решиле да превземете иницијатива за почеток на врска. Проблеми со хормоните.
ДЕВИЦА
Се предомислувате и чувствувате дека сега не сте подготвени за некои големи промени. Дистанцата која постои меѓу вас и партнерот може да се надмине ако бидете подготвени да и попуштите на саканата личност. Имунитетот ви е ослабен.
ВАГА
Пред вас е период кој носи дилеми на ова поле, но и некои мали расправии со соработниците. Ве очекува интересна комуникација со симпатијата. Наскоро ќе имате прилика за почеток на врската. Можни проблеми со притисокот.
ШКОРПИЈА
Ако се занимавате со приватна работа, предизвиците кои ве очекуваат нема да бидат нималку лесни. Ситуацијата на ова поле ве загрижува. Често се прашувате дали може да му верувате на партнерот. Чувствителен граден кош.
СТРЕЛЕЦ
Потребна ви е помош за да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваат на полето работа. Покажете отворено што сакате и партнерот ќе се потруди на некој начин да ви угоди, само за врската да опстане. Проверете ја крвната слика.
ЈАРЕЦ
Сакате да покажете иницијатива кон промените, но ви недостасува само малку самодоверба. Саканата личност ќе покаже дека може да и верувате и да се потпрете на неа во секој момент. Проблеми со чувствителна кожа.
ВОДОЛИЈА
Можно е да не сте успеале да ги реализирате работите кои сте ги имале во план, и поради тоа на некој начин сте разочарани. Многу е важно да бидете искрени кон саканата личност ако сакате вашата врска да опстане. Проблеми со алергиите.
РИБИ
Добрите промени може да следуваат во следниот период. Ве очекува фаза во која ќе бидете задоволни. Ако сте во врска, мали караници со партнерот ќе ве потсетат дека никој не е идеален. Внимавајте на забите.