Тоа значи дека Албанците, но и жителите на земјите од регионот ќе можат по поволни цени да патуваат до овие две атрактивни дестинации
Од следниот месец од аеродромот во Кукуш ќе има летови со „Ер Албанија“ до две атрактивни дестинации по ниски цени, најави албанскиот премиер Еди Рама на својот фејсбук-профил.
Станува збор за летови до Цирих и Истанбул, чија цена ќе биде 1 евро плус аеродромски такси. Притоа, билетот до Цирих и до Истанбул ќе чини 12 евра, додека летот од Цирихкон Албанија ќе чини 28,66 евра, а од Истанбул 23 евра.
Тоа значи дека Албанците, но и жителите на земјите од регионот ќе можат по поволни цени да патуваат до овие две атрактивни дестинации.
извор: republika.mk