Градоначалникот на Москва ќе воведе лотарија на којашто главната награда ќе биде автомобил, а целта на наградната игра е да се охрабрат скептиците да се вакцинираат против коронавирус во Русија, којашто се соочува со пораст на бројот на заразени. Поради зголемување на бројот на нови случаи, московскиот градоначалник објави дека од 15-ти до 19-ти јуни, деновите ќе бидат неработни, а до 20-ти јуни сите барови, ресторани и останати места за забава ќе се затвораат најдоцна до 23 часот.
Секоја недела на располагање ќе бидат пет автомобили во вредност од по 11.500 евра.
Тој нареди затворање на игралиштата за деца во близина на трговските центри и пакови до 20-ти јуни и ги повикал вработените да работат од дома кога е тоа возможно, а забрането е послужување во рестораните од 23 часот до шест часот наутро.
Во Русија досега се потврдени 5,2 милиони заразени со коронавирус. Од декември едвај 18 милиони жители на Русија ја примиле првата доза, што е околу 12% од популацијата.
извор: biznisinfo.mk