Во Црна Гора започна летната туристичка сезона, а на плажите веќе може да се видат туристи.
Доколку сакате да заминете, а се уште не сте одлучиле за дестинацијата каде ќе го поминете летото, ова се цените на сместувањето и храна во јуни во Црна Гора.
Најмалку пари за стан во Црна Гора ќе треба да издвојат за Сутоморе или Доброта во близина на Котор. Цената на изнајмувањето стан е 25 евра. Следува Петровац, каде просечната цена на станот е 30 евра, а потоа Бар и Улцињ, каде цената на станот за една ноќ е 40 евра. Будва е традиционално најскапа и тука туристите ќе мораат да плаќаат од 35 до 100 евра за изнајмување станови.
Кога станува збор за цените во кафулињата и рестораните, цените исто така се разликуваат. На тој начин, ќе треба да платите од 1,20 до 3 евра за еспресо, и од 1,8 до 3 евра за лименка газиран пијалок. Плескавицата во рестораните за брза храна чини од 1,8 до 2,5 евра, додека пилешкото бело месо чини 3 евра. Ако одлучите за варено јадење, порцијата е од 3 до 7 евра, а салатите „се движат“ од 1,5 на 4 евра. Парче пица чини од 1 до 3 евра, додека цела пица во пицерија чини од 6 до 12 евра. Палачинките и пуканките се по 1 евро, додека американските крофни се 1,5 евра.
Извор: lokalno.mk