Во денешно време алергиите се голем проблем со кој не може да се искочи на крај. Но, сепак ние самите на себе не можеме да си бидеме доктор заради тоа во прилог следуваат неколку работи кои треба да ги знаат сите кој го имаат овој проблем со алергија.
Алергиите денес се голем проблем поради кои патат се поголем број луѓе. За нив многу се знае, но некои работи се се уште обвиткани со мистериозен превез. Следуваат некои од најновите откритија, кои ќе појаснат многу непознаници за алергиите.
НЕМОЈТЕ ДА СИ БИДЕТЕ САМИ НА СЕБЕ ДОКТОРИ
Многумина сметаат дека се алергични на многу работи, но тоа не мора да биде вистина. Најдобро е да се тестирате кај стручњак. Само така ќе откриете на што навистина сте алергични. Ако самите на себе си глумите доктор, можете само да ја влошите ситуацијата.
ВНИМАТЕЛНО СО ЛЕКОВИТЕ
На некои вообичаените лекови против алергии, односно оние кои би требало да им помогнат и да ги намалат симптомите на алергијата, не им помагата. Лековите се индивидуална работа, па би било добро да се обидете заедно со својот доктор да го одберете оној кој најмногу ќе ви одговара, а не сами да ги бирате.
ИНЈЕКЦИИ
Алергиските инјекции им помагата на многумина, но тие не се за секого. Ако сте, да кажеме, алергични исклучиво на амброзија, тогаш тоа е едносезонска алергија и во тој случај не се препорачуваат инјекции. Тие се подобри за оние кои патат од повеќе видови алергии и во повеќе сезони.
ЛЕКУВАЊЕ НА ВРЕМЕ
Иако се свесни дека имаат алергија, многу луѓе не почнуваат да се лекуваат на време, па непријатните симптоми им се влошуваат уште повеќе. Не дозволувајте го тоа, бидејќи ситуацијата е тешко поправлива кога ќе започнат еднаш симптомите.
ВНИМАТЕЛНО СО КИЛОГРАМИТЕ
Алергичарите не сакаат да го слушнат ова, но тие мора да внимаваат со килограмите, посебно оние кои гиизмачува астма. Вишокот килограми влијае врз работењето на белите дробови, па ситуацијата може да стане сериозна.
НЕЗАБЕЛЕЖЛИВА АЛЕРГИЈА
Зачудени сте што ви се појавила алергија на постара возраст? Најверојатно симптомите сте ги имале уште во детството, но не сте ги забележувале, односно не сте ги поврзувале со алергија. На пример, еден бронхитис од детството најверојатно бил предизвикан од астма.
Извор: novalek.mk