Иако се смета дека 2.000 калории дневно се вистинската мерка за жените, а 2.500 калории за мажите, не мора да значи дека е така, бидејќи многу нешта зависат од базниот метаболизам, т.е. од калориите што ги трошиме само врз основа на функционирањето на организмот во мирување.
Ако припаѓате во оние луѓе кои конечно ја постигнале својата сакана телесна тежина и сакате да ја задржите, без јо-јо ефект, ова е еден едноставен тест со којшто ќе можете да пресметате колку всушност калории треба да внесувате во однос на годините и базниот метаболизам (БМР). Иако се смета дека 2.000 калории дневно се вистинската мерка за жените, а 2.500 калории за мажите, не мора да значи дека е така, бидејќи многу нешта зависат од базниот метаболизам, т.е. од калориите што ги трошиме само врз основа на функционирањето на организмот во мирување. Овие бројки со сите други дневни активности влијаат многу на тоа колку всушност секој од нас треба да јаде.
Препораката е дека оние основни 1.600 калории треба да се поделат на 400 за појадок и на по 600 за ручек и вечера.
Прво пронајдете се во табелата:
10-17 години БМР = 13,4 x тежина + 692
18-29 години БМР = 14,8 x тежина + 487
30-59 години БМР = 8,3 x тежина + 846
Ако не сте активни, БМР кое ќе го добиете помножете го со 1,4, ако сте средно активни, помножете го со 1,6, a ако сте многу активни и редовно тренирате, помножете го со 1,8.
Покрај тоа, во исхраната можете да внесете и две ужини од по 100 калории. Творците на оваа теорија напоменале дека сепак не треба слепо да се држите до овие совети, бидејќи тие се само насоки коишто можат да помогнат.
Извор: novalek.mk