Русокосите имаат поголема самодоверба, додека бринетите се поуспешни, психолозите направија неколку истражувања со цел да се дознае односот помеѓу бојата на косата и однесувањето.
Имено, психологот Кетрин Салмон заклучи дека дури и оние кои во скоро време станале плавуши многу брзо ќе се навикнат на привилегиите кои ги имаат поради бојата на косата, тоа е така затоа што привлекуваат внимание и се забележани каде и да поминат.
„Поради овој факт тие се посамоуверени. Од друга страна пак, бринетите се оние кои повеќе се трудат и работат напорно, со цел да го надополнат со работа отсуството на „третманот“ коj го имаат плавушите“, објасни Салмон.
Истражувњата покажаа дека црвенокосите имаат двојно поголема веројатност да го одложат заминувањето на стоматолог и дека им требаат 20% повеќе анестезија. Се претпоставува дека тие се почувствителни на болка, главна улога во тоа има генот кој ја „одредува“ портокаловата коса, што значи овие жени исто така се доста почувствителни, а тоа ги спречува да напредуваат на секое поле.
Професорот Џеј Загорски од Универзитетот во Бостон направи неколку тестови за да го одреди процентот на интелигенција.
Според податоците од тестовите спроведени во 1980-та година на 10.878 лица на возраст од 14 до 21 година, а бидејќи постојат и информации за бојата на нивната коса тој заклучи дека, природните русокоси имаат поголем коефициент на интелигенција од бринетите.
Наводно, просечен коефициент кај една русокоса изнесува 103,2, кај бринетите 102,7, црвенокосите 101,2 додека најмал е кај црнокосите со 100,5.
denar.mk