Секој возач кој некогаш влегол во автомобил што стоел на сонце цел ден, знае колку е непријатно тоа, но тоа исто така може да биде и опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима-уред во вашиот автомобил или не, овој трик ќе ви овозможи да го изладите автомобил што стоел на сонце за само десет секунди. Еве што точно треба да направите:
Спуштете го прозорецот на совозачот и затворете ја вратата и отворете ја и затворете ја вратата на возачот.
Воланот е најдобро да биде свртен настрана при паркирање, па кога ќе се вратите и го ставите во почетна позиција, делот каде што ќе ви бидат дланките ќе биде ладен. Покрај тоа, пред да излезете од автомобилот, ставете некаква обвивка на менувачот на брзини, така што нема да биде толку жежок кога повторно ќе застанете зад воланот. Она што може да помогне за да не се загрева многу автомобилот е да ставите алуминиумска заштита на внатрешноста на ветробранското стакло. Тоа ги одбива сончевите зраци, па контролната табла и воланот нема да бидат толку жешки. Ако имате кожни седишта, добар трик е да ставите нешто од памук - било која стара маица или чаршав за да не се испечете кога ќе седнете.
извор: faktor.mk