Овенот самостален, Бикот и Скорпијата во шема, Близнаците и Девиците во љубов, Ракот ја наплатува работата, Лавот тргува, Терезијата заробена, Стрелецот игра тимски, Јарецот во шанса, Рибите пред предизвиц
Ова е хороскопот за денеска, 18.јуни:
Овен
Нема да барате потпора од други луѓе, туку силата ќе ја најдете во сопствената вера. Моментално го пробивате патот, кој инаку ви е блокиран, доколку понатаму не тргнете со поголем ентузијазам.
Полето на емоциите кај вас е доволно добро нагласен, овојпат и нема да се откажете од лицето на кое често мислите.
Обидете се да пиете доволно течности.
Бик
Имате одлична стартна позиција, но патот до ѕвездите кај вас е отежнат. Доколку моментално нема пари, на задоволувачко ниво, не бидете очајни бидејќи наскоро доаѓа време за наплата.
Доколку со некого сте ја прекинале врската наскоро ќе имате можност повторно да ја остварите комуникацијата.
Болки во пределот на вратот.
Близнаци
Кога станува збор за парични трансакции можете да се надевате на поголем прилив. Ќе бидете поттикнати со нови идеи во областа со која се бавите. Доколку тоа е издаваштво нема да згрешите во своите одлуки.
Можете да се надевате на солидно добри аспекти, кога станува збор за емоциите. Една Девица максимално ве поддржува, овој пат.
Пијте повеќе течности.
Рак
Немате намера некому да се правдате кога станува збор за одредено количество пари, кои моментално се нашле на вашата сметка. Не морате да се оправдувате околу наплатата која всушност ви следува.
Овој пат не го продлабочувајте проблемот, бидејќи се’ има свој рок на траење како и лошите поставки кои се од минлив карактер.
Внимавајте на осцилациите на притисокот.
Лав
Не морате да брзате доколку од вас се бара да се информирате во врска со трансакцијата која би ја спровеле, доколку се бавите со продажба. Вашите трговски способности се на ниво кое сте го барале подолго време.
Показател на вашата моментална емотивна состојба е одлична и можете да бидете среќни кога станува збор за изјави на љубов. Еден Јарец е одличен избор.
Здравјето е одлично.
Девица
Доколку сте имале проблеми сега можете да се надевате на солиден финансиски прилив, преку трансакциите кои продолжуваат низ еден солидно позитивен тренд.
Оние кои се сами можат да запознаат мистична Водолија и да започнат солидна романса.Не барајте премногу па вашите желби ќе бидат исполнети.
Зголемена температура е многу честа кај вас.
Терезија
Умеете одеднаш да правите повеќе работи и не дозволувајте некој да ви се вмеша во изборот, кој моментално го имате. Останувате доследни на задачата која ја имате и сакате да го работите тоа за што сте се избориле.
Овојпат сте расположени за вљубување. Морате да се воздржите кога станува збор за емотивната блокада која во суштина бргу ќе мине.
Сакате да се бвите со фитнес.
Скорпија
Веќе подолго време работите работи кои бараат многу сила.Со тек на време ќе се здобиете со кондиција која сега ја немате. Нема да бидете очајни кога станува збор за моменталните препреки.
Можете да очекувате исклучителна, ноќна забава. Доколку сте вљубени во еден Бик, емоциите нема да изостанат. Ќе имате одлична можност да се опуштите на солиден начин.
Чувствителност на репродуктивните органи.
Стрелец
Доколку сте тимски играч имате големи шанси да завршите со аранжманите и договорите, кои одамна сте ги започнале. Не се обидувајте да се ставате во подредена положба на основа на површни резултати.
Ваша ѕвезда водилка е некој од минатото. Морате да се снајдете за нешто подобра позиција која не е недостижна.
Зголемен холестерол.
Јарец
Не се чувствува мрзливост туку само ригиден став, кога станува збор за вашите промени. Сакате да применувате традиционални потези кога станува збор за деловна прилика која овојпат ви се пружа.
Доколку се појави некој од порано она што на тоа лице можете да му пружите е само пријателска рака на помирување.
Здравјето ви е солидно.
Водолија
Многумина за вас би рекле дека живеете во свој свет, што во суштина е лоша перцепција. Се обидувате да го докажете спротивното што не ви успева.
Не сте во можност да избирате партнер колку што во суштина ви се советува малку повеќе да се борите на деловниот сегмент а не на емотивниот.
Имате блокада.
Риби
Во животот ништо не ви одело лесно, секогаш сте имале зачудувачка сила како и овојпат. Имате доволно предизвици, кога станува збор за победничкиот став кон кој тежнеете. Некој постојано ви се испречува и се обидува да манипулира со вас.
Не го земајте здраво за готово тоа што ќе го слушнете од својата симпатија. Ќе имате многу начини работите „да се скоцкаат“ во ваша корист.
Нагласен ви е психата.
екран.мк