Серија големи хакерски напади во текот на изминатата година послужија како повик за будење до корпоративна Америка, но и до целиот свет, за потребата да се инвестира во сајбер безбедност. Неодамна, Microsoft објави дека хакерите кои стојат зад нападот врз американската компанија SolarWinds во 2020 година извршиле нов напад врз повеќе од 150 американски владини агенции, истражувачки центри и други организации ширум светот.
Можеби највпечатливиот неодамнешен пример е хакерски напад врз Colonial Pipeline, кошто го одржува најголемиот нафтовод во САД на седми мај, принудувајќи ја компанијата привремено да го затвори гасоводот, предизвика зголемување на цените на горивата и панични набавки што доведоа до недостиг.
Неколку недели пред нападот, компанијата објави список на работни места за менаџер за сајбер безбедност.
Хроничен недостиг на работна сила
Според експертите, ваквите хакерски напади покажуваат дека е крајно време компаниите да започнат да инвестираат во сајбер безбедност. Сепак, постои еден проблем – постои огромен, хроничен недостиг на работна сила во индустријата за сајбер безбедност.
“Тоа е војна за таленти. Има недостиг на понуда и зголемена побарувачка“, изјави Брајан Орме, извршен директор на GuidePoint Security.
Милиони слободни работни места
Експертите известуваат за недостаток на работна сила во сајбер безбедноста најмалку една деценија, а сега порастот на компаниите кои сакаат да вработат некого во оваа област може да го влоши проблемот. Во моментов има околу 879.000 професионалци за компјутерска безбедност во САД и потреба од уште 359.000 работници, според истражување од 2020 година на меѓународна непрофитна организација која нуди програми за обука и сертификација за сајбер безбедност (ISC)2.
На глобално ниво, јазот е уште поголем, на скоро 3,12 милиони неисполнети позиции, според организацијата чија извршна директор Клер Росо смета дека потребата може да биде уште поголема, со оглед на тоа што некои компании го одложија вработувањето за време на пандемијата.