Pinterest станува првата социјална мрежа за споделување фотографии која ги забранува сите реклами за слабеење на својата платформа, забранува реклами со пораки и слики за слабеење, како и реклами во кои се идеализира или омаловажува одреден тип на тело, соопштија од компанијата. Популарната платформа за фотографии, која овозможува корисниците да креираат и споделуваат колажи, вели дека исто така нема да дозволуваат реклами со сведоштва за губење на тежина или пак продукти за слабеење, како и реклами за индекс на телесна маса и слично.
На платформата и понатаму ќе бидат дозволени реклами кои промовираат здрав животен стил, навики и фитнес услуги и продукти доколку тие не се фокусирани на слабеење. Директорката на политики на Pinterest, Сара Брома, вели дека промената на правилата “става приоритет на емоционалното и менталното здравје на корисниците, особено на оние кои биле изложени на нарушување на исхраната, диети или исмевање на телото“.