Престанете да се грижите ако сте невработени дека работодавачот ќе ве одбие поради големата временска разлика помеѓу двете работни места. Новото истражување на интернет покажува дека поголемиот дел од работодавачите имаат разбирање за „дупката“ во вашата биографија. Анкетата покажа дека дури 40 проценти од невработените се без работа шест месеци и подолго.
Ви претставуваме 10 совети кои треба да ги практикувате доколку се соочувате со овој проблем:
Прифатете привремена работа или договор на одредено
Скоро 80 проценти од испитаните работодавачи го препорачуваат овој чекор, без разлика од типот на работата. Поентата е да покажете за што сте способни, а ако се покажете можеби ќе ви понудат договор на неопределено.
Усовршувајте се
Една од препораките на работодавачите е да се запишете на некој курс и да го усовршите своето знаење. Ако се запишете на курс кој е поврзан со работата испраќате порака дека сакате да напредувате.
Волонтирајте
Дури 60 проценти од работодавачите изјавиле дека, податокот за тоа дали потенцијалниот кандидат има волонтирано, влијаел на конечната одлука.
Започнете свој бизнис
Ако имате можност, пробајте самостојно да водите бизнис. Ќе научите многу работи кои ќе ви помогнат да осознаете како функционира деловниот свет.
Пишувајте професионален блог
Ова е добра прилика да си се докажете самите на себе како експерт, но никогаш не знаете кој ќе ви го прочита блогот. Можеби идниот шеф.
Создадете конекции
Создадете конекции на социјалните мрежи, поврзете се со колеги, пријатели од вашата професија.
Искористете го времето за нови идеи
Кандидатите кои доаѓаат на разговор за работа со нови и свежи идеи, имаат поголеми шанси од оние кои не се креативни.
Следете ги огласите со најбарани професии
Можеби никогаш не е доцна да размислите да се дошколувате или да ја промените насоката по која сте тргнале.
Употребете клучни зборови во биографијата
Истражувањето покажало дека многу работодавачи ги ценат биографиите кои ги имаат зборовите како волонтирање, блог, курс.
Според анкетата, последната работа која треба да ја направите е да се заблагодарите за овозможената шанса за разговор. Напишете го тоа по можност рачно, но и преку email ќе остави добар впечаток.