Google неодамна ја редизајнираше својата популарна услуга за е-пошта Gmail, која исто така доби неколку нови опции. Една од нив е Google Chat, која сега може да се активира директно од Gmail, со само неколку кликања.
Прво треба да ги отворите поставките (Settings), а потоа изберете ја опцијата Chat and Meet . Потоа, наместо тековните Hangouts, изберете Google Chat. Секако, постои и опција да го задржите Hangouts, доколку сакате.
Активирајќи ја новата опција, добивате повеќе можности да се поврзете со вашите контакти, тврди Google, а постои и можност за „паметен одговор“ во разговорите еден на еден. И уште нешто, оваа промена им носи на корисниците на Gmail можност за видео-разговор во групи до 100 лица.