Започна од нула, а сега е сопственик на најпопуларната апликација од областа на здравјето и фитнесот. BetterMe ја презеле над 50 милиони луѓе, а нејзин творец е Украинката Викторија Репа. Бизнисот ѝ вреди 60 милиони долари (околу 55 милиони евра), а ова е нејзината приказна.
Репа ја стартуваше апликацијата BetterMe, но без никакво ИТ знаење, бидејќи во селото каде таа пораснала немало компјутери, а училишните часови траеле само 20 минути во зима затоа што немало радијатори. Сепак, книгата не недостасувала, а најмногу од сè сакала да го чита Ворен Бафет, успешен инвеститор и милијардер. Дека страста, односно мотивацијата, е клучна за започнување на секој бизнис, приказната на оваа млада девојка го потврдува тоа. Таа вели дека имала проблем со губење на тежината во детството и не била охрабрена од нејзиното семејство да започне со слабеење. Но, како што одминувале годините, нејзината желба да се справи со нејзиниот изглед станала поголема, а потоа фитнесот стана мисија. Таа сакала да им помогне на другите и да ги охрабри.
По завршување на студиите на Економскиот факултет, таа доби работа во една компанија во 2016 година, кога имала 24 години. Сепак, таа не била задоволна, а отсуството на поддршка од семејството и ги отежнувало работите. Но, водена од нејзината голема желба и подготвеност да ризикува, таа се откажала од својата сигурна работа и се обидела да го оствари детскиот сон.
Таа сакаше да дизајнира апликација што ќе им помогне на луѓето да изгубат тежина од една страна, а од друга страна да ја лекуваат емоционалната болка, каква што и таа чувствувала додека растела. Таа ги здружи силите со ко-основачот на BetterMe Виталиј Лаптенк, експерт за создавање видеа и содржина на социјалните мрежи.
Тоа беше нејзината шанса. BetterMe во моментов е најпопуларна во САД и е составена од пет различни апликации достапни на платформите за iOS и Android:
1. BetterMe: Weight Loss Workouts
2. BetterMe: Calm, Sleep, Meditation
3. BetterMe: Yoga
4. BetterMen: Workout Trainer
5. BetterMe: Walking