Директорот и косопственик на компанијата „Ванончини“, од Италија, Данило Дада, реши да ги награди своите работници кои читаат книги со ваучер од 100 евра. Тој го основал клубот за читање, во кој можат да учествуваат сите вработени, а оние што ја читаат книгата и ја презентираат на членовите на клубот се наградени со парична награда, што се удвојува со прочитаната наредна книга.
„Очекував успех, но овој голем интерес ги надминува моите очекувања. На почетокот на годината споделив список од 60 наслови за избор. Овие се претежно книги од нашиот сектор, за тимска работа или личен развој. Но, секој може да предложи и да претстави книга по своја волја “, вели Дада.
Според директорот, стимулативен аспект на презентацијата е вежбање јавно обраќање, со цел вработените да ја надминат вознемиреноста и да ја зголемат самодовербата.
„На крајот од презентацијата, како признание, има ваучер вреден 100 евра, кој се зголемува доколку книгата е избрана на англиски јазик и се удвојува за следните презентации, што делумно ги покрива трошоците за купување на првата, а потоа охрабрува купување на втората книга. “вели Дада.
Идејата да отвори клуб за читање, како што вели, ја добил затоа што бил страствен читател уште од дете и на овој начин сакал да придонесе за културниот развој, но и за професионалниот напредок на неговите вработените. Ова не е прва иницијатива во рамките на компанијата. Пред неколку години беше создадена внатрешна академија која се занимава со аспекти на управување, маркетинг и финансиски менаџмент.
Во 2020 година, и покрај разорното влијание на пандемијата врз економијата, компанијата забележа раст од 10% во споредба со претходната година, завршувајќи ја годината со промет од 28 милиони евра.
„Ковидот нè избрка од зоната на удобност, нè научи на важноста на човечките односи, поинаков пристап кон технологијата, да ги слушаме личните потреби. Сигурен сум дека растот на компанијата е резултат на она што го научивме, да се открие нечиј потенцијал “, нагласува Дада.