Македонија е меѓу најевтините земји за живот во Европа, односно на листата за трошоци за живот во 2021 година, е на 37-та позиција.
Од балканските земји зад нас е Косово, кое е на 41-то место. Зад Македонија на листата се и Украина, Белорусија и Молдавија. На листата Грција е 18-та, Словенија е 20-та, Хрватска 21-ва, Црна Гора е на 30-место, а на 31-то место се најде Бугарија. Албанија е 32-ра, а Србија е на 33-то место. Зад неа е БиХ на 34-то место.
Во Европа највисоки трошоци за живеење има Швајцарија, а потоа следат Норвешка и Ирска. При составување на листата во предвид се земени трошоци за кирии, сметки, храна во ресторани, куповната моќ.