Во Франција, први јули обично е ден кога пристигнуваат високи сметки, но оваа година стигнаа и добри вести. Имено, во оваа земја стапи на сила „отсуството за таткото од 28 дена“ и ја вклучува задолжителната бесплатна недела за новите татковци. Долгоочекуваната реформа ќе им даде на татковците можност да посветат повеќе време на новата улога и семејниот живот.
Реформата ја удвојува претходната должина на одмор за „таткото или другиот родител на биолошко или посвоено дете“ на 25 дена плус три за раѓање, од претходните 11 плус три дена. Трите дена предвидени „за раѓање“ ќе ги плати работодавачот, додека другите денови ќе бидат покриени од системот за социјално осигурување. Во случај на раѓање на неколку деца, се додаваат седум дена одмор, што дава вкупно 32 дена во споредба со претходните 18.
Мерката ја објави претседателот на Франција, Емануел Макрон, во септември минатата година и таа треба да им овозможи на младите татковци да учествуваат повеќе во грижата за детето, како и да ја намали нееднаквоста меѓу жените и мажите.