Во рамки на Европската унија, 57% од лицата на возраст меѓу 16 и 74 години користеле социјални мрежи во 2020 година, што е за три процентни поени повеќе одошто во 2019 година. Уделот на корисници на социјални мрежи постојано бележи нагорен тренд, а само за илустрација тој процент во 2011 година бил 36, покажуваат податоците на Eurostat.
Меѓу земјите членки, најмногу корисници има во Данска (85%), по што следат: Белгија (79%), Кипар (78%), Финска (75%) и Унгарија (74%)
Меѓу младите лица во ЕУ, на возраст меѓу 16 и 24 години, скоро девет од 10 или 87% учествувале на социјалните мрежи преку различни активности. Овој удел варира од 79% во Италија до 97% во Данска.
Меѓу повозрасни, на возраст од 65 до 74 години, една петтина (22%) од вкупното население на ЕУ имало свои активности на социјалните мрежи. Овој процент се движи од 10% во Хрватска до 60% во Данска.