Subaru со тизер фотографија ја најави премиерата на новата генерација од спортскиот седан WRX чија премиера се очекува во наредните неколку месеци.
Јапонскиот производител уште претходно објави неколку технички карактеристики. Така во споредба со претходната генерација, новата ќе биде со 50 мм поголема должина, исто толку поширок, но и 25 мм понизок. Меѓуоскиното растојание ќе биде за 20 мм подолго.
Во однос на мотористиката, центално место се очекува да заземе 2,4 литарскиот турбо бензински мотор кој ќе продуцира 300 КС, додека помоќната STI верзија ќе располага со мотор од околу 400 КС.
Засега нема информации околу цените на овој модел, но се знае дека првите испораки ќе се случат во првиот квартал од следната година.