Вадење сол во Етиопија на пеколни температури или чистење канализација во густо населената Индија, ова се најтешките професии на светот. Најверојатно и вие мислите дека ја имате најлошата работа на светот и шефот не ве цени и не ве плаќа лошо. Но кога ќе ги видите овие професии, сигурни сме дека ќе се премислите:
Изработувачи на канализациски решетки во Њујорк
За улиците во Њујорк се произведуваат речиси 2.750 канализациски решетки секоја година. Работниците што го прават ова немаат никакво ниво на заштита, а металот се обработува на температура од 1.200 до 1.400 C°. Искри од жешкиот метал летаат накај нивното незаштитено тело и тоа ја прави оваа професија една од најопасните на светот.
Работници во мртовечница
Ембалирањето е метод за спречување на гниење на трупови или поединечни органи што се прави на луѓе по нивната смрт. Овој работник во мртовечницата го чисти телото, ги остранува течностите и ги вади внатрешните органи.
Се користат хемикалии за да се спречи или забави распаѓањето на ткивата. Оваа професија не е само непријатна, бидејќи секој ден гледате мртви тела, туку е и опасна по живот.
Рудари што вадат сулфур од вулканот Kawa Ijen во Индонезија
Вулканот Kawa Ijen се наоѓа на островот Јава на 2.600 метри надморска височина. Во кратерот на вулканот има езеро, кое се состои од сулфурни и хлороводородни киселини. Работниците - локалните жители, без заштитни костими и гас маски, вадат парчиња сулфур дење и ноќе, користејќи ги само нивните незаштитени раце и шамиче врзано на лицето за да се заштитат од вдишувањето на штетниот сулфур . За оваа опасна работа добиваат само по 260 денари од час.
Чистачи на канализација во Индија
Индиски канализации изгледаат страшно, а работниот ден на работници што ги чистат трае 12 часа. Цело време тие се во отворот полн со отпад. Работниците користат метални стругалки, мотики или голи раце за да извадат тиња од дното на канализацијата. Чистачите немаат заштитна облека и често работат само во шорцеви. За оваа пеколна работа добиваат само 260 денари од час.
Детски труд во фабрика за тули во Авганистан
Фабриките за тули во Кабул се еден од ретките извори на постојан приход таму. Во производството на тули, кои се прават рачно и со стара технологија, Авганистанците можат да работат речиси цела година. За жал, ваквите фабрики често ги користат децата кои работна рака. Работат од 8 до 17 часот и за еден месец работникот добива плата од 10.000 до 15.000.
Експерти за мирис
Тие работат за компании кои произведуваат дезодоранси и антиперспиранти. Задачата на експертот за мирис е да го примени експерименталниот производ на пазувите на тест групата, а потоа да ги мириса, забележувајќи како мирисот се менува во текот на денот.
Копачи на дијаманти во Сиера Леоне
Рударството на дијаманти во Сиера Леоне е валкан бизнис. Според проценките, вкупната вредност на дијаманти пронајдени во земјата се огромни, но многу мал дел од овие пари остануваат кај работниците што копаат за да ги пронајдат. Областа Коно, каде што има најголем број копачи на дијаманти е една од најсиромашните области на земјата.
Луѓе што вадат сол во Етиопија
Во областа Данакил во Етиопија живеат луѓе, кои се познати по нивната способност да издржат крајно топло и суво време. Едно од нивните традиционални занимања е екстракцијата на сол. Температурата во пустината понекогаш достигнува 50 °C и ова место се смета за едно од најжешките на земјата.
Чистачи на местото на злосторството
Неопходно е да ја исчистат крвта од ѕидовите, подовите, креветите, а понекогаш да ги исчистат и труповите.
Најтешкиот дел од работата е мирисот, дури и маската не помага, бидејќи телата на мртвите понекогаш не се наоѓаат веднаш. Во некои случаи, телото лежи неколку месеци и привлекува инсекти и глодари. Обично е потребно неколку дена да се исчисти просторијата, а некогаш и подолго.
Истражувачи на комарци
Научниците кои се борат со маларија треба да ги научат навиките на комарците што ја шират оваа смртоносна болест. За да ги проучат овие инсекти, бразилските научници се нудат како мамка.