Богатите луѓе не се платени за времето поминато на работа. Платени се за нивниот допринес и вештини. Се што правите за подобрување на вашите способности ќе се исплати со времето барем десет пати повеќе, вели Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот
Напорот што го вложувате за постојано вложување во себе игра голема улога во одредувањето на квалитетот на вашиот живот сега и во иднина.
Курсеви за стекнување нови вештини
Развивање или зајакнувањето на вашите вештини или учењето нешто ново може да доведе до унапредување или подобро платена работа во друга компанија.Доколку сте сопственик на деловна активност, стекнувањето нова вештина може да ви даде можност да ги проширите вашите понуди и да добиете повеќе клиенти
Платформи за бесплатно учење: Coursera, Udemy, edX
Помалку време на Фејсбук, повеќе на Јутуб
Се повеќе креатори несебично го делат своето знаење преку видеа на Јутуб. На овој начин, можете да го подобрите вашето знаење без да го испразните вашиот паричник. Без разлика дали сте заинтересирани да дознаете повеќе за продажба, маркетинг, управување со проекти или управување со пари, со сигурност ќе најдете одлични видеа.
Подобрете ги вашите комуникациски вештини
Една од најважните вештини што работодавците ја бараат во дигиталната ера е добрата комуникација. Инвестирајте во себе со постојано подобрување на вашата способност за комуникација, без оглед дали е лично или преку е-пошта, размена на пораки или со некои од останатите алатки за дигитална соработка што го дефинираат современото работно место.
Овие мали подобрувања можат да доведат до непосредни можности и долгорочни позитивни промени. Тие можат да ви помогнат да заработите повеќе пари или да започнете да работите од дома.