Технолошкиот гигант Microsoft на своите вработени им исплаќа бонус од 1.500 долари поради пандемијата. Еднократниот бонус е “признание дека Microsoft ја заврши уникатната и предзивикувачка фискална година“. Бонусот ќе го добијат сите вработени и во САД и во странство, а ќе важи за сите оние кои се вработени пред 31-ви март 2021 година, вклучувајќи и оние со полно и со скратено работно време.
Софтверската компанија го следи примерот на другите големи компании, вклучувајќи ги Facebook којшто на своите 45.000 вработени им исплаќа понуди од по 1.000 долари и Amazon којшто им исплати по 300 долари бонус на вработените во првата линија, кои се најмногу изложени на ризик од пандемијата.