Неотпакувана игрица „Super Mario 64“ наменета за Nintendo 64 достигна рекордна цена на една аукција.
Аукциската куќа Heritage Auctions синоќа организираше аукција на која класичната игрица „Super Mario“ се продаде за дури 1.560.000 американски долари. Тоа е апсолутен рекорд, односно двојно поголем износ за кој минатата недела се продаде играта „The Legend of Zelda“.
Во изминатиот период беа продадени неколку игрици по навистина високи цени:
јули 2020 - „Super Mario Bros.“ - 114.000 долари
ноември 2020 „Super Mario Bros.“ 3 - 156.000 долари
април 2021 - „Super Mario Bros.“ - 660.000 долари
јули 2021 - „The Legend of Zelda“ - 870.000 долари
јули 2021 - „Super Mario 64“ - 1.560.000 долари
Она што се примети на аукциите е дека не пораснаа само цените на игриците, туку и на „Pokémon“ картичките.