Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта.
Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот на водење евиденција за издадените лични карти.
Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година. Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.
Со законот се уредува постапката за прибирање и евиденција на личните податоци за лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени, видот на податоците што се евидентираат, условите за запишување во посебна матична книга на родени, условите за запишување во посебна матична книга на умрени, издавањето извод од посебната матична книга на родени, издавањето извод од посебната матична книга на умрени, идентификациската исправа и дополнителниот упис на овие лица во матичната книга на родените.
-Целта на овој закон е лицата неевидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, заради добивање на извод и идентификациона исправа заради остварување на право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно со закон, до дополнителен упис во матична книга на родените и добивање на прв извод од матичната книга на родени, се наведува во предложениот текст.
извор: nezavisen.mk