Здружението на германски угостители се пожали за недостиг на персонал по укинувањето на пандемиските мерки и повторно отворање хотели и ресторани, а Федералната агенција за вработување соопшти дека за 14% е помал бројот на луѓето работат во угостителската индустрија отколку пред пандемијата.
“Оние кои некогаш работеа како келнери преминаа на пример, во логистичката индустрија, која цветаше за време на пандемијата“, рече Хартгес. Таа додаде дека многу сезонски работници од странство кои работеле во германски ресторани и хотели заминале во Австрија и Швајцарија каде што угостителските објекти се отворија порано отколку во Германија.
“Индустријата и вработените имаат потреба од перспектива“, рече Хартгес, барајќи исто така даночни олеснувања за сопствениците на хотели и ресторани што ќе ги зголеми платите и ќе привлече доволно работници. Квалификуван готвач во Баден-Виртемберг, една од најбогатите сојузни покраини, заработува просечно околу 2.200 евра бруто месечно.
извор: biznisinfo.mk