Вселенските одела на НАСА, направени во 1974 година, чинат помеѓу 15 и 22 милиони долари. Денес, би чинеле околу 150 милиони долари.
Со оглед на тоа дека НАСА оттогаш не доставиле ниту едно ново такво одело подготвено за мисија, сега би можеле да останат без вселенски скафандери. Всушност, НАСА сега се сведува на само четири одела EVA подготвени за летање. Од 2009 година, НАСА инвестираше повеќе од 200 милиони долари во развој на вселенски одела, и неодамна го претстави прототипот xEMU. Сепак, сè уште нема нова флота вселенски одела. Вселенските скафандери се толку скапи затоа што се комплексни и тие всушност се вселенски брод во форма на човек.
„Вселенското одело мора да го заштити астронаутот од вакуумот на вселената, од зрачењето на сонцето и другите тела, а исто така мора да го заштити од честички што се движат брзо и надминуваат 18.000 милји на час, кои можат да навлезат во костумот. Овозможува кислород, комуникации, телеметрија и сè што му е потребно на човекот за да преживее, сè завиткано во едно мало летало во форма на човек“, рече Луис.
Вселенските одела што во моментов ги користи НАСА се стари повеќе од 40 години. Осумнаесет скафандери беа развиени за програмата Space Shuttle од 1974 година. Оделото број 1 се користеше само за сертифицирање, додека оделото 2 беше уништено за време на тестирање на Земјата. Две беа изгубени во катастрофата Challenger во 1986 година и другите две во катастрофата Columbia во 2003 година. Најновата загуба на вселенско одело беше единицата 17, за време на несреќата на товарната мисија SpaceX-7. Точните трошоци за замена на оваа единица не се познати, но проценките се движат до 250 милиони американски долари. Штетите растат на преостанатите 11 одела, а седум се во различни фази на обнова и одржување. Така остануваат само четири вселенски одела подготвени за лет во Меѓународната вселенска станица.
НАСА инвестираше околу четвртина милијарда долари во развој на xEMU одела за својата програма Artemis, која планира да ги врати луѓето на површината на Месечината до 2024 година, со цел на крајот да заминат на Марс.
Најскапата компонента на вселенското одело, вели Луис, се ракавиците. Тие се најсложени затоа што на астронаутите им треба умешност да ја завршат работата во вселената. Внатрешноста на ракaвицата има систем на макари и жици што ја држат заедно, а однадвор има систем на топлински радијатори, што му овозможува на астронаутот да ги загрева рацете.
Одење по површината на Марс, се разликува од одење по Месечината. Околината е различна и постојат различни опасности. Затоа, мора да се земат предвид сите околности и можни движења на астронаутите при правење одела. Затоа, потребно е да се вложат многу пари за нивно производство.