
Повеќе од 336.000 туристи пристигнале во Хрватска во минатиот викенд – од петок до недела, јави ХРТ и во споредба со вториот викенд од јули минатата година, тоа е зголемување за 16 проценти, но во споредба со рекордната 2019 година – намалување за 39 проценти.
Според податоци на е-Visitor, реализирани се скоро два милиони ноќевања, што е зголемување за 23 проценти во споредба со истиот период минатата година, но е намалување за 29 проценти во споредба со 2019 година.
Во Хрватска моментално престојуваат околу 635.000 туристи – 87 проценти се странци, претежно Германци, Словенци и Полјаци. Најголем број гости во моментов има во Истра, Кварнер и Сплит-Далмација.