Зошто да учествувате на најголемиот онлајн Регионален саем за вработување?
Пред 10-тина години, ова беше пионерски потег на неколку ентузијасти од регионот, а денес, кога најголемиот онлајн Регионален саем за вработување треба да го доживее своето XII издание, веќе е стандард кој завзема важно место во агендата на секој HR менаџер.
Тука се и кандидатите кои активно бараат работа, а се од голема важност за реализација на овој проект. Дека имаме баратели на работа кои активно го следат пазарот на труд и се спремни на предизвиците кои ги носи дигитализацијата и технолошкиот развој, говори и фактот што во 2020 година саемот го посетиле 108.657 баратели на работа од Македонија.
Благодарение на саемот, нашите клиенти добија вкупно 54.329 апликации, или во просек, 63 апликации по објавен оглас.
Уште една предност е што саемот се реализира целосно онлајн и трае 8 дена во континуитет, 24 часа дневно. Без временски и просторни ограничувања, мерки и протоколи. Овогодинешниот саем ќе се одржува од 13 - 20 октомври 2021.
Саемот го организира Vrabotuvanje.com заедно со своите партнери од регионот: MojPosao - Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија, па вашата компанија ќе има можност да се претстави пред кандидати и компании од сите 5 земји.
Со самиот закуп на штанд, добивате и објава на огласи, но и богата маркетинг кампања преку нашите канали на комуникација.
Да не го запоставиме и фактот дека за уредување на вашиот интерактивен виртуелен штанд ќе ви биде потребно минимално ангажирање на ресурси, благодарение на иновативната платформа која е лесна за користење.
Како посебна можност за компаниите кои ќе резервираат штанд до 31 август е и попустот од 10% за рана пријава, но тоа не е се.
За оние кои се заинтересирани за објава на штанд во повеќе земји, следува попуст и тоа, за штанд во 2 земји = 10%, 3 земји = 15%, 4 земји = 20% и 5 земји = 25%.
Досегашните најави и предвидувања покажуваат, а тоа го потврдува и бројот од над 200 компании кои досега учествувале на Регионалниот саем за вработување, дека годинешното издание ќе ги сруши сите рекорди!
Доколку сакате вашата компанија да биде дел од овој уникатен настан, можете да ја аплицирате ТУКА и со тоа да заштедите многу време и пари, а за возврат да добиете квалитетни кандидати за вашата компанија.
За дополнителни информации, посетете ја веб страната на саемот или контактирајте не:
Каролина Апостоловска
(проект менаџер)
+389 77 983 837
karolina@vrabotuvanje.com.mk