Алатката за проверка на системот на Microsoft беше неуредна од самиот почеток. Заедно со Windows 10, компанијата објави алатка која му даваше на корисникот информации за тоа дали неговиот систем е компатибилен за претстојната надградба на Windows 11. Речиси веднаш, започнаа да се појавуваат проблеми бидејќи алатката не даваше информации зошто одредени системи не го поминаа тестот.
Многу корисници откриле дека всушност проблемот бил нивниот процесор. Во моментов, процесорите од 8-та генерација на Intel и Zen 1 чиповите не ги исполнуваат условите за надградба. Microsoft оттогаш ја објави следнава изјава:
- Уверени сме дека уредите што користат процесори од 8-та генерација на Intel и AMD Zen 2, како и Qualcomm 7 и 8 серии ќе ги исполнат нашите принципи на безбедност и сигурност и минималните системски барања за Windows 11.
- Со Windows Insiders и партнерите, ќе спроведеме тестови за да ги идентификуваме уредите што користат процесори од 7-та генерација Intel и AMD Zen 1 што можат да ги исполнуваат нашите барања. Се обврзуваме да ги споделуваме резултатите од овие тестови со текот на времето, како и дополнителни технички соопштенија.
Се надеваме дека ова значи дека постарите компјутери, ќе можат да го користат Windows 11 кога ќе се појави.