Патниците ќе влегуваат во Словенија од полноќ, односно од 15 јули до 23 јули, со нова одлука на Владата според која на сите, без оглед од каде доаѓаат, ќе им треба негативен тест, потврда за имунизација или прележан Ковид во последните шест месеци. Поради бројните протести, словенечката влада донесе одлука за исклучоци – патници во транзит и возачи во меѓународен товарен транспорт. Сепак, предлогот овој исклучок да важи и за работни мигранти од Хрватска не беше усвоен.
извор: nezavisen.mk