Минатата година беше предизвикувачка на многу полиња, особено за прифаќањето одредени нови начини на живот – работа од дома, шопинг онлајн… Пандемијата некако направи да сме посвесни за нештата што ги користиме, поседуваме, бараме. Во голема мера, да се купува во време на пандемија, значи да се биде прагматичен и да се ползуваат тековните онлајн банковни платформи и платежни картички, со кои безбедно може да се направи трансфер на пари.
На глобално ниво, пандемијата ги промени аспектите на секојдневието. Новите трендови во купувањето, производите и услугите се трансформираа според новите навики. Општеството неминовно ги промени своите потрошувачки навики како резултат на кризата со коронавирусот. Промените не само што физички ја сменија пазарната мапа во светот, туку голем број луѓе беа приморани да купуваат по дигитален пат. Банките тука се главните посредувачи на овие трансакции и се во служба на безбедна комуникација и пренос на средства.