Меѓу земјите членки на Европската унија, Шведска има највисока стапка на вработени жени (80%) во 2018 година. Од друга страна, најниска стапка на вработени жени имаат Грција (49%) и Италија (53%).
Во Македонија, процентот на жени вработени е 45,2% од вкупниот број на вработени во земјата.
Стапката на вработеност на мажи е повисока наспроти стапката на вработени жени, меѓу земјите членки на ЕУ. Разликата меѓу вработеноста на двата пола е најголема во Малта (22 процентни поени) и Грција (21 процентен поен), додека најмала е во Литванија (два процентни поени).
Податоците покажуваат дека скоро една третина од жените вработени во земјите членки во ЕУ (30%) работат со скратено работно време, додека тој процент кај мажите е 8%. Најмногу жени со скратено работно време има во Холандија (74%), додека најнизок удел во Бугарија (2%).